Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Право на поврат

ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да биде неупотребуван, неотворен, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување, со сочувани фабрички означувања и декларација. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е во неисправна состојба, односно отворен, користен и/или оштетен. Во тој случај потрошувачот го губи правото за повлекување/поврат и нема да се прифати замена или рекламација.

Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини и заштита на здравјето, а се отворени по испораката.

Правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Изјава за повлекување од договор, достапна на следниот линк или пак со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го формуларот или вашето известување по електронска пошта на info@hair.mk и/или professional@ave.mk или обратете ни се телефонски на 026163615. Со поднесувањето на изјавата за повлекување од договор, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработени од наша страна, вклучувајќи и, доколку е потребно, број на трансакциска сметка, кој е неопходен за постапување според вашата изјава за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации за обработката на личните податоци можете да најдете во делот Политика за приватност на податоците.

Без претходна комуникација односно изјава за повлекување од договор поднесена преку електронска пошта или преку наведениот контакт телефон, не можете самоиницијативно да направите поврат на нарачаниот производ во нашиот малопродажен објект.

Откако производот ќе се врати преку служба за достава, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветна состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме контактирајте нѐ по електронска пошта на info@hair.mk и/или professional@ave.mk каде ќе ги наведете вашите податоци (име, презиме, телефон) за понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање или обратете ни се телефонски на 026163615, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.


РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД
Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Во случај на повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е 150 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.


РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, hair.mk има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката, а доколку производот бил платен во готово по испорака, рефундацијата се врши на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 14 дена.


НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за повлекување од договор и враќање на производи.