Намена: Овој интензивен третман е вистински „спасител“ за косата со суви и кршливи врвови на кои им е потребна итна обнова. Идеален е за сите кои сакаат да ја зачуваат здравата должина на косата и да го спречат нејзиното понатамошно пукање, со цел да се одложи потребата од често шишање.
Дејство: Новата обновена веганска формула со Care-Boost Complex моментално ја трансформира состојбата на влакното. Овој лесен негувачки балсам нежно го обвиткува секое влакно, особено по должината и врвовите. Формулата со масла во Repair Rescue технологијата обезбедуваат длабинска обнова, додека новиот комплекс овозможува засилена регенерација без да ја натежне косата. Формулата ја враќа внатрешната сила и еластичност, оставајќи ја косата мазна и мека.
Ефекти:
До 93% помалку кршење на косата.
Ги спојува до 90% расцветаните врвови.
Ги негува порозните и суви врвови и спречува идно оштетување.
Обезбедува заштита од топлина при фенирање.
Го олеснува расчешлувањето и додава интензивен сјај.
Совет од експерт: Клиентите кои сакаат да ја пуштат својата коса долга, треба редовно да го користат овој производ за да го одржат нејзиниот квалитет и да ја намалат потребата од шишање.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно на коса просушена со пешкир и стилизирајте по желба. Производот не се плакне.