Кератински спреј регенератор за обнова на екстремно оштетена, кршлива и сува коса.
Намена: Овој спреј регенератор е наменет за интензивна нега на екстремно оштетената коса, навлегувајќи длабоко во структурата на влакното го надоместува недостатокот од протеин во него.
Дејство: Овој лесен, високо ефикасен и неодоливо ароматичен регенератор навлегува длабоко во структурата на влакното за да ја регенерира екстремно сувата и оштетена коса. Придобивките од кератинот како еден од најважните нутриенти за косата се бесконечни, па така без разлика на типот на косата, овој спреј може да се употребува како заштита од топлина и слободни радикали, за обнова и хидратација на косата. Специјалната формула го надоместува недостатокот од протеин во влакното, ја скротува непослушната коса и ја измазнува кутикулата, правејќи ја косата сјајна, мазна и здрава како никогаш досега.
Состав:
- Пантенол
- Екстрат од сончогледово семе
- Екстракт од зелен чај
- Протеин од свила- Серицин
- Витамин Ц
10 придобивки за косата во едно шишенце:
- Го спречува губењето на кератин во структурата на влакното
- Заштитува од топлина
- Безболно ја расплетува и расчешлува косата
- Помага за полесно исправување на косата
- Помага за надоместување на загубениот протеин во влакното
- Ја скротува непослушната коса
- Заштитува од штетните УВ зраци
- Го враќа сјајот на косата
- Ја подобрува природната структура на влакното
- Помага за заштита на косата од идни оштетувања
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината па се до врвовите на мокра коса просушена со пешкир. Расчешлајте ја косата и стилизирајте ја по желба. Продуктот не се измива.