Намена: Шампон наменет за зацврстување на структурата на влакното, обезбедува длабинска нега и неверојатен сјај.
Дејство: Подарете ѝ на косата длабинска нега и сјај со 10 Silk Express Miracle Silk шампонот. Нежно, но ефикасно ја чисти косата, додека специјалната формула со свила го зацврстува и длабински го негува влакното. Благодарејќи на протеинот од свила, овој шампон успешно ја затвора кутикулата на влакното давајќи ѝ беспрекорен сјај, ја зацврстува структурата на влакното и заштитува од топлина. Протеинот од свила во комбинација со останатите природни нутриенти, несомнено ќе ја остават косата со полн сјај, свиленкасто мазна и еластична.
Состав:
- Хидролизирана свила
- Екстракт од сончогледово семе
- Екстракт од лист од бела црница
- Палмино масло
- Пантенол
- Линалол
10 Придобивки во едно шишенце:
- Ја прави косата свиленкасто мазна.
- Ја подобрува еластичноста на косата.
- Обезбедува природна хидратација на косата.
- Ја заштитува бојата на косата.
- Го враќа природниот сјај на косата.
- Ја зацврстува структурата на влакното.
- Длабински ја негува косата.
- Ја скротува непослушната коса.
- Обезбедува беспрекорен сјај.
- Ја заштитува косата од идни оштетувања и кинење на влакното.
Начин на употреба: Нанесете на мокра коса, нежно и длабински измасирајте го скалпот. Измијте темелно.