Оваа неверојатна комбинација на It's a 10 продуктите за нега на коса со професионалните Olivia Garden четки за коса, ќе обезбедат гламурозно сјајна, здрава и еластична коса, отпорна на кинење и понатамошно оштетување.
Сеедно дали вашата коса е оштетена од уреди за стилизирање или хемиски третмани, продуктите на It's a 10, формулирани со исклучително природни состојки, ќе ја обноват виталноста на вашата коса, ќе обезбедат длабока нега и хидратација, враќајќи го загубениот протеин во влакното.
Четката со која ја расчешлувате мократа и сува коса и составот на влакненцата на четката, се од исклучително значење за здравјето на вашата коса. Користењето на Olivia Garden четките за коса во комбинација со It’s a 10 продуктите за нега, двојно ќе ја заштити косата од кинење, ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Начин на користење:
- Расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за лесно и безболно расплетување на косата и подобра апсорпција на продуктите за нега на коса.
- На мокра коса нанесете од Miracle Moisture шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата.
- Проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Мiracle Silk Hair маската за коса. Почекајте да делува 3 до 5 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Leave-In спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите.
- Расчешлајте ја повторно косата со Fingerbrush четката за зголемување на сјајот и подобра распределба и длабоко продирање на продуктите во структурата на влакното. Стилизирајте по желба!
Сетот е составен од:
- Miracle Moisture Shampoo 300 ml
- Miracle Silk Hair Mask 240 ml
- Miracle Leave-In Product 120 ml
- Fingerbrush Boar & Nylon Mint M