ВОДИЧ НИЗ ВЕБ ПРОДАВНИЦАТА
Водичот низ веб продавницата е одговор на сите ваши прашања поврзани со процесот на купување.
ВОДИЧ НИЗ ПРОЦЕСОТ НА КУПУВАЊЕ
Со пристигнувањето на нашата веб страна, веќе се наоѓате на вистинското место. Во мир можете да го прегледате целиот наш асортиман и да одлучите кои производи се соодветни баш за вас.
За почеток, можете да купувате од нашата веб продавница сеедно дали сте регистриран корисник или не. Доколку се одлучите да се регистрирате како корисник на нашата веб продавница, имате можност за регистрација како физичко лице или како правно лице. Доколку се регистрирате како физичко лице (или воопшто не сте регистрирани), комплетниот асортиман нема да ви биде достапен. Сите правни лица кои се регистрираат чекаат одобрување кое може да трае и до 48 часа. По регистрирањето, можете да продолжите со процесот на купување.
I. РЕГИСТРАЦИЈА - КРЕИРАЊЕ НАЛОГ
Постапката за регистрација е едноставна, но се разликува во однос на тоа дали сте физичко или правно лице.
Кликнете на полето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“во горниот десен агол на почетната страница, по што ќе ви се отвори формулар во кој ќе ги внесете сите ваши податоци, вклучувајќи ја и вашата e-mail адреса, која воедно ќе биде и вашето корисничко име понатаму. Внимателно изберете ја лозинката за да не ја заборавите или да се злоупотреби. Колку повеќе информации наведете при регистрацијата, поквалитетна ќе биде понатамошната поддршка. Сите податоци наведени од ваша страна се строго чувани во согласност со Изјавата за заштита на податоци, наведена на нашата веб страна.
Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне писмено известување и линк кој е потребно да го кликнете за да се активира вашиот кориснички профил, со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.
Доколку се регистрирате како физичко лице, дел од производите од нашиот асортиман нема да ви бидат достапни за купување (како на пример перманентните бои за коса, развивачите, големите салонски пакувања од шампоните итн.) бидејќи истите се наменети исклучиво за професионална употреба во фризерските салони.
При регистрирањето како правно лице, потребни се дополнителни податоци како што се име на фирмата/правното лице, единствен даночен број, адреса, број на телефон, e-mail адреса итн. Процесот на одобрување на регистрацијата на правните лица трае најмногу 48 часа.
По регистрацијата, секогаш ќе можете брзо и сигурно да се најавите на нашата веб продавница без дополнителни чекори.
*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот кориснички профил.
II. ИЗБОР НА ПРОИЗВОДИ
На почетната страна се наоѓа мени каде може да го изберете брендот и категоријата на производи за кои сте заинтересирани. По изборот, на Ваша лева страна се појавува листа на категории, подкатегории и брендови преку кои можете полесно да навигирате до посакуваните производи. Дополнително, за скратување на пребарувањето, можете да ги искористите и понудените филтри кои се доста корисни.
Кога ќе наидете на производ за кој би сакале да дознаете повеќе, кликнете на него. Откако ќе ви се отвори нов прозорец, ќе имате прилика да го прочитате описот на самиот производ односно, неговата намена, дејство и начин на употреба. Доколку сакате да го купите тој производ, кликнете на опцијата „Додади во кошничка“ и производот ќе биде додаден во потрошувачката кошничка. Доколку се предомислите, имате можност за промена на производот или откажување на процесот на купување. Доколку производот го има во повеќе варијанти, како што е случајот со боите за коса, изберете една варијанта и додајте ја во кошничката, а потоа продолжете со изборот на други варијанти доколку ви се потребни.
III. СОДРЖИНА НА КОШНИЧКАТА
По додавањето на посакуваниот производ во потрошувачката кошничка, имате можност да ја одредите количината на посакуваниот производ, да продолжите со купувањето или да преминете на плаќање.
Во секој момент можете да го проверите статусот на потрошувачката кошничка. Со клик на полето „КОШНИЧКА“, во горниот десен дел од веб страната, се отвора страна на која се прикажани сите производи кои се додадени во кошничката.
*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат
IV. НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД КОШНИЧКАТА
Откако ќе одлучите дека сте готови со додавањето на производи, се враќате назад во потрошувачката кошничка, односно кликнете го полето „КОШНИЧКА“ во горниот десен агол, а потоа кликнете „КОН КОШНИЧКА“. За да можете да продолжите со нарачката, потребно е да го селектирате делот за согласност со условите на услугата односно Општите правила и услови за користење и да кликнете „ПОТВРДИ НАРАЧКА“. Доколку во меѓувреме сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето "ПРОДОЛЖЕТЕ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на полето „КОШНИЧКА“. За да можете да продолжите со плаќањето од вас ќе биде побарано да се регистрирате или да се логирате на својот кориснички профил доколку го немате направено тоа. Исто така, доколку немате кориснички профил, имате опција да продолжите со нарачката без да се логирате или креирате профил со клик на копчето „ПРОДОЛЖИ СО НАРАЧКА“. Во следниот чекор ја одбирате адресата за наплата и ако сакате на истата адреса да биде доставена нарачката го селектирате полето „Испратете на истата адреса“. Ако не е селектирано ова поле по одбирањето на адресата за наплата одбирате адреса за достава со клик на копчето „ИСПРАТЕТЕ НА ОВАА АДРЕСА“ или внесувате нова адреса за достава со клик на копчето „ДОДАДЕТЕ НОВА АДРЕСА“. Во следниот чекор го избирате методот на испорака, „Лично преземање“ ако ја преземате нарачката од нашата продавница или „Испорака до врата“ ако сакате нарачката да ви биде доставена на адресата за достава. Во следниот чекор го избирате начинот на плаќање со селектирање на полето „Плаќање при достава“ ако плаќате при преземање на пратката или „Платежна картичка“ ако плаќате со картичка на нашата страница. На крај ги проверувате сите податоци и ако е сè во ред кликнувате на копчето „ПОТВРДИ“за да ја потврдите нарачката и истата да биде процесирана од наша страна.
*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 1000 денари, доставата е на трошок на купувачот во износ од 150 денари, во или надвор од Скопје.
V. МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
За да купите производи преку оваа веб страна, достапни се два начини на плаќање - со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.
Сите цени кои што се објавени на оваа веб страна се прикажани со вклучено ДДВ.
При купувањето на производи од нашата веб продавница ги прифаќаме следните начини на плаќање:
Доколку сте правно лице, со нарачката ќе ви биде доставена и фактура.
Плаќање со платежна картичка
При плаќање со платежна картичка, истата мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, доколку изберете плаќање со платежна картичка, ќе бидeте пренасочени до страница на системот за процесирање на плаќањето, кој е сигурен и заштитен за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и системот за процесирање на Халк Банка, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
По плаќањето со платежна картичка ќе добиете потврден е-mail на наведената адреса при регистрацијата дека вашата нарачка е во процес на одобрување. Во рок од 48 часа ќе ви пристигне потврда за нарачката со која се потврдува дека плаќањето е извршено. Доколку од оправдани причини ги немаме на залиха сите или некои од производите кои сте ги нарачале ќе добиете известување за тоа на наведената е-mail адреса и соодветниот износ нема да се одземе од вашата картичка.
*Напомена: Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани на картичката со која сте го извршиле купувањето во рок од 14 денови.
VI. ДОСТАВА
Начини на достава односно можности за преземање на нарачката:
Рокот на достава е од 2 до 5 работни дена.
Службата за достава ја доставува пратката на адресата за достава во период од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е доставувачот да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на вашиот кориснички профил со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку доставувачот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
Доставата се врши до влезот на станбениот објект на наведената адреса. Доколку се работи за станбена зграда, доставувачот не е должен да ја достави нарачката до катот на кој се наоѓа купувачот, туку до влезот на зградата. Доставата се врши преку службата за достава Еко Логистик.
*Други услови за достава
Нарачките се спакувани во пакет, на начин на кој при доставата не може да се оштетат. Купувачот е должен при преземањето на пакетот да изврши проверка за евентуално оштетување и веднаш да ги рекламира производите на доставувачот, односно да го одбие преземањето на пакетот на кој е видливо надворешно оштетување.
Пакетот е осигурен од губење при достава. Купувачот е должен при преземањето на пакетот да потпише испратница која службата за достава ја зема како потврда за преземање на пакетот.
VII. РЕКЛАМАЦИИ
Производот кој што е нарачан преку нашата веб продавница и е доставен од страна на службата за достава, потребно е да се провери веднаш по преземањето на пратката. Доколку производот има видливи оштетувања или нагмечување, корисникот веднаш треба да пријави на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk.
При пријавувањето, потрошувачот треба да го пополни формуларот за рекламации и да наведе:
Рекламација без потребните информации наведени погоре се смета за некомплетна.
Пријавувањето на производ кој е оштетен треба да се направи најдоцна до 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување, со декларација, кутија и фактура и истиот не треба да биде отворен и употребуван.
Доколку пак производот, односно пратката е оштетена при транспортот и таквите оштетувања се видливи при преземањето на пратката, во тој случај ве молиме да не ја преземате. Ве молиме да нѐ контактирате на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. за да можеме во најкраток можен рок да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.
Рекламациите се прават исклучиво преку каналите кои се наведени во овој правилник, односно на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. Корисникот не може да изврши самоиницијативна, физичка рекламација на производи кои се купени од нашата веб продавница во нашиот малопродажен објект, без претходна комуникација и договор со вработените во АВЕ Дооел Скопје преку контакт каналите наведени погоре во текстот.
Поврат на средства за купен и користен производ не е возможен.
*Напомена:
Барањата за замена на производи или рекламација се разгледуваат исклучиво во текот на работна недела, понеделник до петок од 10:00 – 16:00 часот. Барањето може да го примиме надвор од наведениот временски период, но не можеме да одговориме на истото. Барањето, заедно со производот можете да го пратите по пошта или служба за достава или пак лично да го донесете на нашата адреса.
Нагласуваме дека, за секој купен производ од нашата веб продавница, имате право на рекламација, но под услови одредени со нашиот правилник за рекламации. Ги замолуваме нашите потрошувачи да се придружуваат кон правилникот кој го изработивме специјално за таа прилика.
Цената на производите може да биде различна на различни продажни места и исто така цената на производите во оваа веб продавница може да се разликува од малопродажната цена на истите производи во други веб продавници во земјата или странство, сеедно дали е пониска или повисока. Го задржуваме правото за промена на цената на производите без претходна најава.
Доколку пратката е оштетена при транспортот, таквите оштетувања се видливи при преземањето на пратката и во тој случај ве молиме да не ја преземате. Ве молиме да нѐ контактирате за да можеме во најкраток можен рок да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.
Рекламациите може да се пријават преку телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. При пријавувањето, потрошувачот треба да го наведе бројот на нарачката, сметката или своето корисничко име за да можеме да ја провериме нарачката.
Доколку во било кој случај не сте задоволни со работата на нашиот оддел за односи со потрошувачи, ве молиме известете нѐ писмено преку professional@ave.mk и/или info@hair.mk.
VIII. ПРАВО НА ПОВРАТ
Правото на поврат, односно правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Изјава за повлекување од договор, достапна на следниот линк или пак со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го формуларот или вашето известување по електронска пошта на info@hair.mk и/или professional@ave.mk или обратете ни се телефонски на 026163615. Со поднесувањето на изјавата за повлекување од договор, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработени од наша страна, вклучувајќи и, доколку е потребно, број на трансакциска сметка, кој е неопходен за постапување според вашата изјава за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации за обработката на личните податоци можете да најдете во делот Политика за приватност на податоците.
Во случај на повлекување/замена на производот, трошокот за враќање/достава на нов производ е 150 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок се прави доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, АВЕ Дооел Скопје има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, Maestro, Mastercard, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Доколку пак, производот е платен во готово при испорака, повратот на средства се врши на трансакциската сметка на купувачот. Процедурата за поврат на средства може да трае и до 14 дена.
Нагласуваме дека, за секој купен производ од нашата веб продавница, имате право на поврат, но под услови одредени со нашиот правилник за поврат. Ги замолуваме нашите потрошувачи да се придружуваат кон правилникот кој го изработивме специјално за таа прилика.
IX. ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ
Вашите прашања и предлози се добредојдени. Доколку имате било какво прашање или било каков конструктивен предлог, би ни било задоволство доколку ги споделите со нас. Сите ваши прашања и предлози ги очекуваме на нашиот е-mail: professional@ave.mk и/или info@hair.mk.
X. ПОФАЛБИ И ПОПЛАКИ
Особено внимание посветуваме на вашите пофалби и поплаки бидејќи тие се составен дел од нашето работење и со нивна помош можеме да го подобриме нашето работење.
Ве молиме да не се воздржувате од пофалби доколку тоа го заслужуваме или да ни испратите поплака доколку не сте задоволни од нашето работење или од нашите производи, а ние ќе ги разгледаме и решиме вашите поплаки во најкраток можен рок. Секоја ваша реакција ќе биде третирана доверливо и со дискреција. Уште еднаш, безрезервно ја прифаќаме секоја ваша пофалба или поплака. Е-mail за пријава на пофалби и поплаки: professional@ave.mk и/или info@hair.mk.
XI. ПОМОШ ИЛИ ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМ
Доколку ви е потребна било каква помош околу процесот на купување или совет, ве молиме веднаш контактирајте нѐ, а некој од нашите советници ќе ви одговори во најкраток можен рок. Број на телефон за помош: 026163615 секој ден од 09:00 – 17:00 часот или електронска пошта professional@ave.mk и/или info@hair.mk.
Исто така, доколку пронајдете било каков проблем од техничка или административна природа на самата веб продавница, ве молиме веднаш контактирајте нѐ, а ние ќе пробаме да го решиме проблемот во најкраток можен рок. Е-mail за пријава на проблеми: professional@ave.mk и/или info@hair.mk.
XII. ОРИГИНАЛЕН КВАЛИТЕТ
Сите производи од нашата понуда се пример за оригинален квалитет. Во случај на било какви дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ преку professional@ave.mk и/или info@hair.mk.