Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Изјава за заштита на податоци

ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

  1. ПРЕГЛЕД

АВЕ Дооел Скопје, понатаму во текстот: АВЕ, ја почитува приватноста на секое лице кое ја посетува оваа веб страна. Би сакале да Ве известиме кои податоци АВЕ ги собира и како се употребуваат. Исто така, ќе дознаете како можете да ги остварите правата кои Ви припаѓаат Вам како сопственик на податоците.

Сите измени на оваа изјава за заштита на податоци ќе бидат објавени на оваа веб страна. Исто така, можете во секој момент да се информирате во однос на тоа кои податоци ги собираме и како ги употребуваме.

Оваа изјава не се однесува на интернет страните достапни преку хиперлинкови на интернет страните на Хенкел групацијата.

  1. СОБИРАЊЕ, УПОТРЕБА И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Назив на одговорното друштво: АВЕ Дооел Скопје

Адреса на одговорното друштво: ул. Костурски херои 2А, 1000 Скопје, Македонија

АВЕ ги употребува личните податоци првенствено за да им обезбеди на корисниците пристап до интернет страната www.hair.mk. Секоја понатамошна обработка на податоците се прави само врз основа на други законски обврски или дозволи или во случај кога корисникот ќе даде дозвола за АВЕ.

Кога корисниците ја посетуваат оваа интернет страна, АВЕ автоматски собира и чува одредени податоци. Тие податоци вклучуваат: IP адреса или идентификатор на уредот доделен на крајниот уред кои се потребни за да се пренесе бараната содржина (на пр. специјална содржина, текстови, слики и податоци за производот, како и преземање датотеки со податоци и сл.), активност на корисникот во контекст на веб страни, видот на крајниот уред, видот на користениот пребарувач, како и датумот и времето на употреба.

АВЕ ги користи овие податоци за идентификување и преземање на соодветни мерки против злоупотреба. АВЕ исто така, ги користи овие податоци за подобрување на изгледот, одликите и функционалноста на услугата/веб страната, како и за општи административни работи.

Покрај тоа, АВЕ без одложување ги брише или анонимизира податоците за употреба, вклучувајќи и IP адреси, веднаш штом не се повеќе потребни за целите кои се претходно наведени погоре.

Обработката и употребата на податоците се темели на законски одредби кои ги оправдуваат тие постапки на основа на (1) потреба за обработка на податоците за да се обезбедат услуги на интернет страната; или (2) фактот дека АВЕ има законски интерес за обезбедување и подобрување на функционалноста, како и за непречено функционирање на веб страната и нејзино прилагодување кон потребите на корисниците.

  1. ПОНАТАМОШНА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

3.1 Таблица со барања на потрошувачите

Можеби сте ги внеле Вашите податоци за контакт преку нашата форма за контакт. Ние ги користиме овие податоци за да одговориме на Вашето барање.

Обработката и користењето на Вашите податоци се заснова на законски одредби кои ги оправдуваат овие постапки врз основа на потребата за обработка на податоците за да може да се процесира вашето барање.

Освен ако не сте се согласиле за чување на Вашите податоци за подолг временски период, како на пр. за одржување на односите со клиентите, ние нема да ги задржиме податоците подолго време отколку што е потребно за да се исполни целта наведена погоре или доколку е потребно во случај на примена на некоја законска обврска за задржување.

  1. СОГЛАСНОСТ/ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

4.1 Рекламирање преку електронска пошта

Дополнително, можеби сте дале одобрување на АВЕ за контактирање преку електронска пошта (е-пошта, СМС, ММС, инстант порака) и/или телефонски број во врска со понудите, производите и услугите за производи од асортиманот на професионалната деловна единица Schwarzkopf Professional или Indola Professional.

Ние ги користиме Вашите податоци како што е утврдено во член 4 од оваа изјава за заштита на податоците со цел да обезбедиме/преземеме соодветни мерки за рекламирање.

Може да ја повлечете вашата согласност во кое било време за иден период, на пример со кликнување на соодветниот хиперлинк наведен во потврдната електронска порака или така што ќе кликнете [ТУКА] во е-поштата за потврда или со кликнување на [ТУКА]. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на постапката заснована на согласност дадена пред нејзиното повлекување.

  1. ПРАВА КОИ ВИ ПРИПАЃААТ КАКО СОПСТВЕНИК НА ПОДАТОЦИ / СЛУЖБЕНИК ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Во било кој момент можете да го остварите правото на пристап до вашите податоци. Освен тоа, ако се исполнети одредени услови, можете да ги остварите и следните права:

  • Право на исправка
  • Право на бришење
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на поднесување приговор до надлежниот орган за заштита на податоци
  • Право на пренос

Право на приговор

При процес на обработка на податоци која ги вклучува вашите лични податоци, а која се спроведува врз основа на законски интерес на АВЕ, имате право во секој момент да поднесете приговор против обработката на вашите лични податоци поради вашата специфична ситуација. АВЕ нема да се откаже од обработката на податоците само во случај кога може да докаже дека постојат важни причини за обработка кои бараат заштита и ги надминуваат вашите интереси, права и слобода или ако таа обработка служи за потврдување и исполнување на законските барања и заштита од истите.

Во тие случаи, или пак ако имате други прашања или барања поврзани со вашите лични податоци, испратете ни електронска порака на info@hair.mk, professional@ave.mk или писмо на АВЕ Дооел Скопје, Костурски Херои 2А, 1000, Скопје.

  1. УПОТРЕБА НА ПРОГРАМСКИ ПРИКЛУЧОЦИ НА ДРУШТВЕНИТЕ МРЕЖИ

Програмските приклучоци (енг. „plug-ins“) за разни социјални мрежи се вградени на нашата интернет страна. Поврзаните услуги ги обезбедуваат одредени компании („даватели на услуга“). Во тие даватели на услуга се вклучени:

Мрежата Facebook, со која управува компанијата Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, USA („Facebook”). За преглед на програмските приклучоци на Facebook и нивниот изглед, посетете ја следната адреса: https://developers.facebook.com/docs/plugins

Мрежите Google+ и YouTube, овозможени од Google Inc., 1600 Amphitheater Parkway, Mountainview, Kalifornija 94043, USA („Google”). За преглед на програмските приклучоци на Google+ и нивниот изглед, посетете ја адресата: https://developers.google.com/+/web/

За преглед на програмските приклучоци на YouTube посетете ја адресата: https://developers.google.com/youtube/subscribe/

Мрежата Instagram, која е овозможена од Instagram LLC., 1601 Willow Road, Menlo Park, CA 94025, USA („Instagram“). За преглед на програмските приклучоци на Instagram и нивниот изглед, посетете ја адресата: http://blog.instagram.com/post/36222022872/introducing-instagram-badges

За подобра заштита на вашите податоци при посетата на нашата интернет страна, овие приклучоци се имплементирани како „копчиња на двоен клик“. Оваа форма на интеграција гарантира дека кога ќе пристапите на некоја од нашите веб-страници што ги содржат овие приклучоци, вие не сте автоматски поврзани со серверите на горенаведените даватели на услуги. Пребарувачот ќе создаде директна врска до серверите на давателите на услугите само ако ги активирате приклучоците и на тој начин дадете дозвола за пренос на податоци. Содржината на различните приклучоци понатаму се пренесува од соодветниот давател на услуга директно на вашиот пребарувач, и потоа се прикажува на вашиот екран.

Приклучокот му покажува на давателот на услугата од која интернет страна сте пристапиле. Доколку, при прегледувањето на нашата интернет страна сте најавени на вашиот кориснички профил на мрежата на одреден давател на услуга, давателот на услуга може да ги провери вашите интереси, односно содржините на кои им пристапувате со вашиот кориснички профил. Со користењето на било која функција на приклучоците, на пример клик на копчето „Ми се допаѓа“ или коментирање, овие информации исто така ќе бидат директно пренесени преку пребарувачот до давателот на услугата, за да се задржат.

Дополнителни информации за собирање и употреба на податоци од страна на давателите на услуги, како и за правата и можностите што ви се достапни за заштита на приватноста под тие околности, може да се најдат во правилата за заштита на податоците/приватноста, објавени давателот на услуги.

Правила за заштита на податоците/приватноста објавени од страна на Facebook:http://www.facebook.com/policy.php

Правила за заштита на податоците/приватноста објавени од страна на Instagram: https://help.instagram.com/155833707900388/